Избор на уредникотМакедонија
Сашо Мијалков не е дома, по него е распишана потерница
МВР издаде потерница за поранешниот директор на ДСК Сашо Мијалков дознава Алсат од извори во полицијата.
Телеграмата е испратена до сите гранични премини. За ваквата мерка неофицијално се дознава дека е покрената врз основа на сомневања за можно бегство на Мијалков пред изрекувањето на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“.
Судот претходно му изрече мерка куќен притвор.