Сакаат да му објават војна на Путин а не можат да наплатат струја во Арачиново, во скопско се краде струја во вредност од 50 милиони евра, тоа ќе го платат чесните граѓани
Само за една година, според некои пресметки на луѓето вработени во ЕВН кои секојдневно се на терен, околу 50 милиони евра е вредноста на украдената струја само од Скопскиот регион. Вработен во ЕВН, кој разбирливо сакаше да остане анонимен, вели дека само во Општина Арачиново за една година се краде или не се плаќа струја во вредност од 6 милиони евра. Власта, и локалната и централната, ги има овие податоци, но молчи, пишува МКД.МК.
Според неофицијалните податоци на вработен во ЕВН, во февруари годинава загубите на електрична енергија само во Арачиново изнесуваат околу 80%. Трафостаниците 10, 3, 8 и 9 со соодветните броила бележат загуби од 70% поради кражба на струја, трафостаниците со броеви 5, 4, 2, 13 и 11 со соодветните броила бележат загуба од над 80% поради кражба на струја, трафостаницата број 12 со број 381392 е со рекордна загуба од 96% поради кражба на струја. Сите се на територијата на Општина Арачиново. Ова се делови од официјалните извештаи на ЕВН за оваа општина.
Или во февруари годинава во овој регион биле украдени вкупно 2.800 мегаватчасови. Тоа значи дека на годишно ниво загубата е повеќе од 20 илјади мегаватчасови. Просечната цена на берзата на струја за еден мегаватчас е 300 евра. Ова значи дека само од регионот на Арачиново вредноста на украдената струја е 6 милиони евра за една година. Колку години со ред е вака?
Истото се случува и во други делови од Скопскиот регион, во Сингелиќ, Серава, Грчец, Студеничани… Едноставната математика покажува дека ако се земе истиот процент на кражба на струја од Арачиново, тогаш вредноста на неплатената електрична енергија достигнува до неверојатни 50 милиони евра годишно.
Целиот текст можете да го прочитате тука