Живот

Рускиот милијардер и неговата сопруга српска манекенка со нова „играчка“ од 450 милиони долари

Јахтата во моментот е на пропатување кон јужна Шпанија, каде што ќе се извршат завршните работи во едно бродоградилиште, пред во целост да ја преземе Мељниченко напролет.

Дирк Клустерман, проектменаџер на Анреј Мељниченко, рекол дека за најновата јахта уште многу години ќе се раскажува.

– Ова е најкомплицираната задача во мојата кариера. Уверен сум дека „Sailing Yacht A“ е најдобрата јахта во смисла на технологија и дизајн. Едноставно е магична, а неверојатниот дизајнер Филип Старк е приказна за себе – воодушевено за „Дејли мејл“ рекол Клустерман.

Јахтата која ги поместува границите има осум катови, со можност за слетување на хеликоптер на една од палубите, како и соба за набљудување на подводниот свет.
Бродот е опремен со моќен хибриден дизелско-електричен мотор, а може да постигне брзина од 24 јазли.

Богатството на Мељниченко е проценето на 13,4 милијарди долари, а во него безгрижно ужива со сопругата Александра, српска моделка и поранешна членка на српскиот женски бенд „Моделс“.

Иако веќе поседува „Боинг 737“, рускиот милијардер очигледно одлучил своето внимание да го пренасочи на бродовите, а неговата најнова аквизиција во моментот е најдоброто што во светот на ексклузивните пловила може да се купи.

Фотографиите можете да ги погледнете тука.

Поврзани вести

Back to top button