Рускиот амбасадор Александар Боцан-Харченко: Косово е црна дупка, извор на тероризам и злосторство
Боцан-Харченко истакна дека официјална Москва не го признава Косово за кое оцени дека е квазидржава.
„Русија не го признава Косово, бидејќи прогласувањето на независноста беше еднострано, по користење сила, не беше во согласност со меѓународното право и Резолуцијата 1244 на СБ на ОН. Разговорите беа прекинати. Како резултат, Косово е квазидржава, не ги врши функциите… Останува територија со многу проблеми, останува црна дупка, извор на тероризам и злосторство. Администрацијата на привремените институции не е функционална и ефикасна“, кажа рускиот амбасадор.
Зборувајќи за решението на косовското прашање, тој наведе дека единствено одржливо може да биде решение кое е во интерес на Белград врз основа на Резолуцијата 1244.
„За нас единствено одржливо можно решение е само она кое е во интерес на Белград врз основа на Резолуцијата 1244 на СБ на ОН, односно само она решение кое ќе биде поддржано од Советот за безбедност. Какво може да биде решението засега никој не знае. Резултатот се наѕира за време на постојани правичен дијалог. Ние сме против наметнати одлуки. Ставот кој сега гоо зазема Приштина – само признавање на независноста сѐ уште не загрижува, дека не е возможен никаков напредок. Таквиот пристап неопходно е да се смени и Приштина мора да излезе со конструктивен став“, објасни Боцан-Харченко.