„Руската нуклеарна подморница сега може да ги уништи Британците”
Русија ги вооружува своите нуклеарни подморница со нови моќни далекудострелни проектили “Калибр”, кои во НАТО круговите го добиле прекарот “свирчиња” и се претставени како “достигнување кое засекогаш ќе го промени односот на силите во модерното војување”.
Руските подморници се примарно дизајнирани за да се спротивстават на американските морнарички воени формации и крајбрежни мети во потенцијален конфликт. Меѓутоа, британски Express пишува дека поради оваа вртоглава модернизација на руското вооружување загрижено би требало да биде и Обединетото кралство.
Подморниците “Проект 949А” се вооружени со 24 проектили “гранит” и шест торпеда. Покрај сето тоа, сега ќе бидат опремени и со проектилите “калибр”, кои, според проценките на експертите, се едни од најмоќните ракети од тој тип.
Express малку претенциозно наведува дека Русија со вака опремени нуклеарни подморници би можела да “ја уништи застарената британска морнарица”, и покрај тоа што Обединетото кралство има една од најмоќните морнарици во светот.
По повод опремувањето на нуклеарната подморица се огласил и Јури Борисов, заменик министер за одбрана на Русија.
“Бродоградилиштето “Ѕвезда” рапидно ги модернизира подморниците “Проект”, за тие да можат да носат крстаречки ракети “Калибр”, но и за да се инсталираат нови системи за навигација”.
“Калибр” или “Свирче” е суперсоничен крстаречки проектил кој се користи во напади на цели на земја, противбродски борби, како и судир на подморници. Специјално се дизајнирани да избегнат воздушна одбрана и електронски контрамерки.
Овие ракети можат да гаѓаат цели на отворено море оддалечени и до 350 километри, додека за цели на земјата имаат дострел од 2.500 км.
Објавата за надградбата на подморниците со моќните ракети дошла само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп го нападнал својот претходник Обама, велејќи дека е слаб лидер кого “Русија го газела 8 години”.