Свет

Руската армија го освојува Арктикот (ВИДЕО)

Руските арктички одреди активно го шират своето присуство во таа област, а војниците набрзо ќе добијат современа поларна база, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Тоа, според Спутник, ќе биде најголемиот воен објект во поларниот регион. Покрај тоа, ќе се градат и низа обкети на архипелазите Земјата на Франц Јозеф, Нова Земја, Северна Земја и Новосибирски Острови.

Војниците на специјализираната арктичка моторизирана бригада на Северната флота почнале да се обучуваат да управуваат со невообичаени превозни средства – санки во кои се впрегнати елени и кучиња. Тие учат и како да преживеат во арктичките услови, поради што извесно време минале со жителите на крајниот север.

„Војниците треба да умеат да преживеат на Арктикот во сите временски услови, да работат во најнепредвидливи ситуации. Поради тоа е потребно да умеат да ги користат превозните средства кои им се на располагање и да дојдат до храна. Армијата е таму распоредена сериозно и на дол рок, така што сето ова е многу важно“, смета политикологот Дмитриј Солоников, директор на Институтот за современ државен развој/

Според него, Русија има повеќе потенцијални противници во регионот, иако не станува збор за воени акции.

„Директен конфликт на Арктикот сега, нормално, не се планира, но се покажуваат мускулите. Прашањето е кој и како ќе ги утврди овие или оние поларни територии. Заинтересирани има многу, како САД, Канада, Данска, Шведска. Ниедна од овие земји не се откажува од доминацијата во арктичкиот регион, не само економска туку и воена. Поради тоа и Русија не смее да заостанува зад земјите кои се веќе присустни на Арктикот. А пошто нашата територија таму е најголема, и присуството треба да биде максимално“, смета Солоников.

Поврзани вести

Back to top button