Избор на уредникотСвет

Родителите кои ја претепаа и избричија ќерката поради момчето Србин ги протеруваат од Франција

Франција ќе го протера семејството од БиХ кое ја злоставувало својата ќерка поради врската со момче по потекло од Србија, најави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен.

Штом заврши судската процедура, ќе бидат одведени до граница зошто нема што да бараат на француско тло, напиша Дарманен на Твитер.

Родителите на девојката од 17 години, заедно со нејзиниот вујко и вујна во четвртокот се ставени под судски надзор и чекаат судење во Безансон за насилство над малолетно лице во присуство на други лица.

Тие во понеделникот беа приведени во полиција која за инцидентот ја известило момчето тинејџер откако девојката добила ќотек од семејството.

 

Поврзани вести

Back to top button