Родители внимавајте: Се појави детска дрога во облик на мастика за џвакање, доаѓа од Косово
Во Србија се појави нова дрога посилна од екстази, во вид на гуми за џвакање и бонбони.Родителите се во паника откако од своите деца дознале за „снус“, вид кршен тутун, пишува „Република.рс“.
Симптоматично е што оваа дрога не е на забранетата листа.Најчесто доаѓа од Косово во минијатурни вреќички кои содржат концентрација на тутун меѓу 1,5 и 3 милиграми.
Најчесто се пакува во кесички чај и се користи така што се става меѓу непцата и слузокожата и се цица на начин,што дополнително ги засилува аромите како јагода, цреша, еукалиптус.
Цената на „снусот“ во Србија е околу 1000 динари за кесичка, односно околу 500 денари.
Што е „снус“
Уште од 18 век, Швеѓаните го користат како влажен тутун без димен. Предизвикува и зголемување на крвниот притисок, зголемен, жолти заби, рак на усната шуплина, хранопроводот, панкреасот, дијабетес и други проблеми