Живот

Рецепт: Најздравиот леб на светот се подготвува без брашно

Лебот без брашно го стимулира создавањето на црвените крвни зрнца и хемоглобинот, го спречува таложењето на токсичните и канцерогените материи во организмот, го намалува високото ниво на холестерол во крвта и се препорачува како превенција против дијабетес, целулит и артеросклероза.

najzdraviji-hljeb-na-svijetu

За разлика од сите други видови на леб, овој леб не содржи брашна со ниска биолошка вредност.

За да го подготвите овој леб потребни ви се следниве состојки:

– 300 грама цело пченично зрно

– 100 грама јачменови снегулки
– 2 супени лажици сусам
– 2 супени лажици ленено семе
– 2 супени лажици излупен сончоглед
– 1 мала лажичка сол
– 1 мала лажичка шеќер
– половина квасец
– малку вода

Процесот на подготовка е малку подолг и започнува така што ќе ги ставите пченичните зрна да отстојат во сад со вода три дена. Водата треба повремено да се менува за да не се скисели пченицата.
По истекот на третиот ден, пченицата ја процедуваме и ја мелеме на машина за мелење месо. На крај ќе добиеме смеса слична на тесто.
Во таа смеса ги додаваме јачменовите снегулки, кои исто така претходно треба да отстојат во вода се додека не омекнат. Се додаваат и останатите семиња.
Во малку вода го растопуваме квасецот со лажичка шеќер. Растопениот квасец го додаваме во смесата, ја додаваме и солта и го замесуваме тестото без додавање на дополнителна количина на вода.
Тестото го префрлуваме во калап ( најдобра опција е доколку имате силиконскиот калап) и го оставаме да се одмори околу половина час прекриено со влажна крпа. Потоа го печеме во загреана рерна на 220 степени околу 45 минути.

Поврзани вести

Back to top button