Свет

Путин за турското раководство: Ништо не е вечно

Русија нема намера да ги наруши односите со турскиот народ, порача рускиот претседател Владимир Путин, истовремено ставајќи до знаење дека врските меѓу Москва и Анкара нема да се подобрат се додека е на власт ова раководство во Турција.

epa04130737 Russian President Vladimir Putin delivers his address on the Crimean referendum on reunification with Russia in the Grand Kremlin Palace in Moscow, Russia, 18 March 2014. Crimea and Sevastopol will join Russia as two separate regions, President Putin said, adding that he would sign treaties immediately. EPA/SERGEI ILNITSKY / POOL

– Сакам да повторам дека ние го сметаме турскиот народ за пријателски и не сакаме да ги нарушиме односите со него, ја пренесуваат медиумите изјавата на Путин од документарниот филм кој ќе биде прикажан утре на руската телевизија.

Според него, што се однесува до актуелното турско раководство „ништо не е вечно“.

Рускиот претседател, исто така, додаде дека Русија останува отворена и подготвена да развива економска и политичка соработка со Европа, како и заедничка борба против тероризмот и покрај санкциите воведени од ЕУ.

Путин истакна дека Москва би можела да работи со сите страни вклучени во решавање на судирите во Сирија, и со САД и со сирискиот претседател Башар Асад.

– Во врска со сириската криза сметаме дека дека можеме лесно да работиме и со претседателот Асад и со американската страна. Неодамна разговарав за тоа со американскиот претседател Барак Обама и со нашите пријатели од Саудиска Арабија и другите арапски држави, додаде шефот на руската држава.

Поврзани вести

Back to top button