Путин: Русија нема да заборави, Турција ќе зажали
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија нема да заборави тоа што турските сили соборија руски воен авион и поради тоа Турција ќе зажали, но наглси дека нема воено да се пресметува со оваа земја.
Тој истакна дека Турција „повеќе од еднаш“ ќе зажали поради она што го направи и дека се залажуваат оние кои мислат дека реакцијата на Русија ќе запре само на трговските санкции.
Во годишното обраќање до нацијата, Путин нагласи дека не може да го игнорира помагањето на терористите.
Рускиот претседател додаде дека руската војска во Сирија се бори за безбедноста на земјата, истакнувајќи дека напорите на една држава не се доволни за да се порази меѓународниот тероризам.
– Земјите не треба да имаат двојни стандарди кон тероризмот, предупреди Путин.