Путин не ја дава Македонија – Се залага за формирање „Балканска четворка“
Рускиот претседател Владимир Путин силно се залага за формирање на т.н. „Балканска четворка“ пренесува српскиот весник Информер, односно формирање на сојуз на воено-неутрални држави на Балканот, во кој би биле Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија.
Ова вчера во Белград го потврдил еден од најблиските партиски соработници на Путин, Сергеј Железњак – пренесува српски Информер. Официјалната партиска фунцкија на Железњак е заменик генерален секретар во владеачката „Единствена Русија“ , кој од Белград порачал дека Москва е цврсто уверена дека само реализацијата на таканаречениот план „Б4“ може да обезбеди мир и стабилност на Балканот.
Рускиот претставник, истовремено предупредил дека Црна Гора наrло се втурнува во НАТО што би можело да претставува сериозен безбедносен проблем со потенијал за предизвикување на судири во регионот – пишува Информер.
„Ги поздравувам напорите за формирање на Балкански сојуз на воено неутрални држави, кој е важен за безбедноста на целиот Балкан и Европа. Тоа е главниот пат за сочувување на мирот во регионот.“ – истакнал Железњак на заедничката прес конференција, пренесува Информер.
Тој исто така предупредува и дека НАТО пактот во кој доминантна улога има САД, се обидува да влијае на Балканските земји, што јасно се гледа по примерот на Црна Гора.
„Црногорското општество е поделено кога станува збор за членство во НАТО. Во случај вештачки и насилно да се форсира членство би довело до влошување на ситуацијата и тогаш НАТО ќе сноси одговорност за конфикт во Црна Гора. Со обзир на тоа дека Балканот се вооружува, тоа би можело да доведе и до жртви. Мудро би било да се прашаат Црногорците дали сакаат во НАТО, вештачкото присилување не е во ничиј интерес“ – рекол Железњак.
Балканска Швајцарија
Аналитичарот Драгомир Анѓелковиќ за Информер оценува дека зборовите на Железњак се и официјален став на руското раководство.
– Москва не сака поделби, туку формирање на Балканска зона на неутралност….Русија уште пред неколку години ја изнесе оваа идеја, која е одлична бидејќи првично го промовира економскиот развој. Победата на Трамп ја прави оваа понуда сосема реална, бидејќи САД очигледно нема да ја турка Црна Гора насила во НАТО. Трамп нема да ризикува судир со Путин поради Црна Гора – вели за српски Информер Анѓелковиќ.