Македонија

Пукање во Скопје: Истрели од автоматско оружје кон семејна куќа

Вчера околу 03.45 часот во Скопје, на улица „Антон Попов“, од страна на непознат/и сторител, од возило во движење, со автоматско оружје било пукано кон куќата сопственост на А.И. (21).Во моментот во куќата бил сопственикот, неговата мајка и неговата сестра. Од пукањето оштетена е фасадата на куќата, а повредени лица нема. Во дворот и на улицата пронајдени се повеќе од десет чаури.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Поврзани вести

Back to top button