Македонија

Протести против крстот во Бутел

 

Поддржувачите на ДУИ денеска во 17 часот ќе излезат на мирен протест за да го изразат несогласувањето од, како што велат, нерационалната и еднострана одлука на општина Бутел, за поставување на 52-метарскиот крст во општината, соопшти предмалку градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.

Според него, ваквата одлука на општина Бутел има единствена цел, преку инструментализација на верата за политички цели, да провоцира и прозиведе етнички тензии и етнички судири во Македонија.

Тој посочи дека, суспендирањето на Бадинтеровиот принцип во случајов, го суспендира и Охридскиот договор, а тоа ризикува отворање на нови идеи и наметнува реваншистички реакции низ сите останати општини.

– Ние нема да дозволиме нашата држава да се впушти во верска омраза и насилство. Ние не сакаме скопје да се претвори во Белфаст, Ерусалим или Бејрут. Затоа бараме деполитизација и деетнизација на верските симболи – дециден беше Меџити.

Според неофицијалните информации, партиското членство е мобилизирано и се очекува солидна бројка на присутни граѓани.

Поврзани вести

Back to top button