Протест во Тетово: „Сакаме библиотеки, а не казина“, „Казината не носат среќа туку факултетите“
„Сакаме библиотеки, а не казина“, „Казината не носат среќа туку факултетите“ , „Сакаме домови, а не казина“, „Лас ТетоВегас“ и со уште многу други пароли, неколку стотини тетовци денеска проетестираа против огромниот број казина кои се отворија во последниве неколку години во Тетово. Денешниот протест беше на булеварот Илинденска, пред објектот за кој протестантите рекоа дека во него ќе се отвори огромно казино.
ротестот го организира Локалната заедница на Мала Речица, а говореле професорот Лулзим Муртезани и имамот Нухи Гании.
Психологот Муртезани ја објасни штетата што ја предизвикуваат казина во животот на младите луѓе и семејствата на тие кои посетуваат игри на среќа.
Имамот Гании нагласи дека казината се против исламсаката религија.
Поддршка на протестот даде и ректорот на Тетовскиот Универзитет, Вулнет Ахмети, кој истакна дека на младите им требаат библиотеки, а не казина.