Свет

Протекоа илјадници документи: Сакаш грант? Ние плаќаме за крв по улици! Еве што финансирал Сорос

Илјадници интерни документи од групите финансирани од милијардерот Џорџ Сорос беа објавени во јавноста во саботата навечер откако хакери успеаја да го пробијат системот, пишува Вечер.

Вкупно 2.576 фајлови беа објавени од DCLeaks, веб-страницата, кој тврди дека е отворена од американски хакерски активисти кои ја ценат слободата на говорот, човечките права и владата избрана од народот”.

-Објавените документи се од повеќе различни одделенија на Соросовите организации. Најмногу документи се објавени од фондациите отворени општества, кои ги раководи Сорос. Објавените документи и фајлови се групирани по делови од светот за да може многу полесно да се прегледуваат а тука се наведени и документите кои се однесуваат на Белата куќа како и на организација чие име е СОУК, а за која никој засега не може да каже што е и каде е поставена, пишува Вечер.

Според официјалните информации, документите датираат од 2008 до 2016 година. Во јуни, Соросовите фондации “Отворено општество” се соочија со уште хакерски упад, во кој беа објавени дузина документи, а за нивната важност сведочи фактот што за овој упад било известено американското ФБИ и е отворена истрага.

Документите кое излегоа на виделина се од однесуваат на различни проблеми и ситуации па има од “портфолија на Сомалијци во европските градови# до специфични финансиски детали од грантови.

DCLeaks претходно објави е-мејлови од воздухопловниот генерал Пхиллип Бреедлове, врховниот командант на НАТО силите во Европа.

Во нив беше изразена вознемиреноста на генералот кон одбивањето на Обама да ја адресира руската агресија.

Инаку DCLeaks  смета за извор кој е поддржан од Русите.

Во овие документи засега има само еден текст за Македонија, за донирање пари на организации на Роми и проститутки. Но, во врска со Европа има многу материјал за бегалската криза од која е засегната и Македонија. Движењето на мигрантите било следено во извештаи подготвувани на секои два дена, со голем број проекти за да се помогне нивното движење кон Европа.

Има многу материјали за политички активности во Украина, Молдавија, во Европскиот парламент, координирање на активностите на социјал-демократските и зелените партии…

Многу тешко ќе биде после ова фондацијата на Сорос да биде третирана како хуманитарна, а не чисто политичка организација – де факто партија. Во документите за Америка има записници од состаноците на бордот на организацијата, финансирање на протести против полицијата разговори за големата организациска мрежа во Балтимор и дискусии дали може да се отворат слични организации и во други американски градови.

migranti

Мигранти насилно упаднаа во Македонија поттикнати од НВО активисти

Во документите објавени на DCLeaks.com за Македонија најчесто се споменуваат спонзорираните Хелсиншки Комитет и Асоцијација на млади адвокати, кои се обврзани за грантовите од Сорос да ја следат состојбата со мигрантите.

-Потсетуваме дека невладиниот сектор беше главен координатор и иницијатор на упадите кои ги правеа мигнатите годинава преку грчка граница, пишува весникот.

Вечер потсетува за соопштението на Министерството за надворешни работи во врска со инцидентот на македонско-грчката граница кај Идомени, во кој беа повредени 23 припадници на македонските безбедносни сили кои спречија над 3.000 мигратни насилно да влезат од Грција на македонска територија.

– Различни извештаи говорат дека во обидот да ја поминат грчко-македонската граница со употреба на насилство мигрантите биле поттикнати, заведени и организирани од активисти на невладини организации. Било регистрирано и дистрибуирање на летоци кои содржеле лажни информации дека штом мигрантите успеат да ја поминат грчко-македонската граница со употреба на насилство, тие ќе можат непречено да го продолжат својот пат до земјите членки на ЕУ, се посочува во соопштението.

– Употребен е солзавец со цел да се растури насилната група. Не се употребени никакви други средства на контрола, ниту физичка сила против групата. Дваесет и тројца припадници на македонските сили се повредени за време на инцидентот. Воедно, ниту еден од извршителите не е повреден на македонска територија. Утврдени се неколку оштетувања на граничната ограда, се посочува во соопштението.

Во обидот за илегален влез се проценува дека учествувале над 3.000 мигранти организирани во помали и поголеми групи во обид насилно да влезат на територија на Македонија од Грција кај нелегалниот граничен премин кај каменот 59. Сличен инцидент за масовно илегално преминување на границата се случи на грчко-македонската граница на 14 март годинава кај селото Моин, во кој беа инволвирани 2.500 мигранти.

На крајот на февруари 2016 година, македонската полиција беше соочена со насилен обид на неколку стотици лица да ја преминат границата од Грција, и поради тоа реагираше со цел да се спречи илегално и неконтролирано минување на границата.

СОРОС троши по 15 илјади евра на ден- 5,3 милиони евра годишно за рушење на демократски избраната влада

327.964.687 денари е точниот буџет на организацијата СОРОС кој бил потрошен во последната фискална година, тоа во евра изнесува 5. 332. 759, или во просек се трошеле дневно по 15 илјади евра за рушење на демократски избрана Влада и за подршка на активностите на СДСМ.

Во над 20-годишното постоење на СОРОС Македонија буџетите и парите кои се потрошени се околу неверојатни 100 милиони евра. Со најновиот буџет се трошени пари за лобисти, странски сестрински организации на СОРОС кои имаат задача да пишуваат негативни извештаи за државата, прикажување во негативно светло и организирање на протести.

Дека се фрлаат многу пари од кои државата има само штета покажува и финансирањето на наводно невладините организации кој вештачки треба да преставуваат граѓански сектор. 78 организации се членки на органзиацијата Граѓаните.мк, а речиси истите се и предводници на иницијативата „Протестирам”.
Огромни пари се вливаат и на име на ставка плати. Во просек секоја од овие организации има по десетина активисти или вработени. Тоа се околу 780 луѓе- истите тие кои протестираат, чкртаат и ги вулгаризираат спомениците и објектите низ центарот на Скопје.

Бројките покажуваат дека луѓето од таканаречениот отпор „Протестирам” вртат милиони евра и во услови на наводен режим одлично заработуваат. Дека не е во прашање недостаток на слобода туку желба за гола власт и дополнително богатење покажува дека нивните лидери имаат недвижен имот на кој може да позавиди секој просечен граѓанин.

Поврзани вести

Back to top button