БизнисИзбор на уредникотСвет
Производството на нафта се намалува, цените зимава ќе рушат рекорди
Организацијата на земјите извознички на нафта и нивните сојузници соопштија дека ќе го намалат производството на нафта на дневно ниво, а цените на нафтата се зголемија до 94 долари за барел.
Ова е сериозен удар затоа што производството на нафта ќе се намалува, а цените зимава најверојатно ќе рушат рекорди.
ОПЕК не ја прифати сугестијата на Вашингтон за да не го намали производството, зашто на американскиот претседател Џо Бајден не му одговара растот на цената пред изборите за Конгресот закажани за 8 ноември.
Бајден се обидуваше цела година да ја намали цената на нафтата, а тоа неговиот кабинет го претстави како големо постигнување, но очигледно не им оди по план.