Живот

Производи кои мора да ги избегнувате кога сте настинати!

Кога сме настинати, најмногу ни годат топлите напивки кои ни помагаат да се чувствуваме подобро. Сепак, постојат и оние производи кои можат да ги интензивираат симптомите.

Купечки овошни сокови

Цедените овошни сокови се преполни со витамини и минерали кои на болното тело му се потребни, но тоа не се однесува и на купечките сокови. Имено, таквите напивки во себе содржат големи количини шеќери кои се врзуваат за крвните клетки и ги „крадат“ витамините од телото и со самото тоа го ослабнуваат имунитетот.

Пржена храна

Пржената храна не е здрава ниту кога сме здрави, а замислете само колку тогаш е штетна за телото ослабено од вирозата. Таа е преполна со заситени масни киселини кои тешко се варат па можат значајно да го нарушат дигестивниот систем на организмот кој во текот на болеста и онака не работи со полна сила.

Кафе

Кога сме болни би требало да го зголемиме внесот на течности. Кафето, односно кофеинот како главна состојка на омилената црна напивка дејствува како многу силен диуретик што може да предизвика дехидратација на веќе ослабениот организам.

Кисели намирници

Киселите намирници можат да ја иритираат веќе со болеста оштетената слузница што може дополнително да ги интензивира симптомите на болеста. Во таа група спаѓа киселиот зеленчук, цитрусите, посебно портокалот, потоа доматот во сите облици. Цитрусите подобро исцедете ги и измешајте ги со топлата напивка и медот.

Алкохол

Токму како кафето, алкохолот ја „брка“ течноста од телото па со самото тоа може да предизвика дехидратација, а мешањето на алкохолот и некои лекови може да го намали нивното дејство. Иако истражувањата потврдуваат дека чаша вино со оброк го јакне имунитетот, кога сте болни, таквата навика исфрлете ја и заменете ја со чаша природен сок или чај.

Млечни производи

Иако млечните производи содржат протеини и витамин Д кој помага во јакнење на организмот, исто така, го зајакнуваат излачувањето на природната слуз во организмот што може дополнително да ја интензивира кашлицата.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button