Избор на уредникотМакедонија

Приведено лице од Арачиново поради закани кон новинари (ФОТО)

Вчера во 22.40 часот во Скопје, полициски службеници од Одделение за насилен криминал, Единица за насилен криминал при СВР Скопје во Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Ш.М.(31) од село Арачиново, скопско.

– Тој се сомничи дека на 01.12.2022 по електронски пат испратил порака со заканувачка содржина кон вработени во новинска агенција – интернет портал, поради претходно објавен текст.
Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото. Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Претходно порака со елементи на закана доби редакцијата на НетПрес на својата официјална фејсбук страница, а според содржината се претпоставува дека станува збор за реакција во врска со информацијата за инцидент во скопско Арачиново.

Во пораката од профилот на извесен Шенол Маслани, пишува „за лајкови не земајте луѓе на врат, самите себе се земате на врат… немојте да претерате со лажни вести.. оние си побегнале, а вие кај ќе се криете“.

– Претпоставуваме дека заканата е упатена во врска со информацијата  за инцидентот во скопско Арачиново. Односно дека делот „ОНИЕ СИ ПОБЕГНАЛЕ“, може да се претпостави дека се однесува на полицајците во Арачиново, со што ја потврдува информација, за која МВР досега не даде никакво објаснување во јавноста, објавиjа од Нетпрес.

Поврзани вести

Back to top button