ЗдравјеТоп

Природни начини за детоксикација

Ако постојано се чувствувате уморно и тешко, без оглед на тоа дали работите напорно или не, тогаш време е за промени во вашите навики. На вашето тело му е потребна детоксикација за да се чувствува свежо и одморено, а и вие да бидете подобро расположени.

Но, што треба да направите?

Помалку кафе

Иако е одличен напиток за почеток на денот, сепак прекумерното конзумирање на кафето има негативен ефект на нашето здравје, расположение и начин на спиење. Доколку сакаме да направиме детоксификација на нашето тело, треба да почнеме од кафето. Прекумерното конзумирање на кафе има негативно влијание на сонот, што на долг рок предизвикува замор и лошо расположение. Затоа, најдобро е да пиете кафе кога навистина имате потреба за тоа, а не многупати во текот на денот.

Повеќе зелен чај

Зелениот чај е богат со антиоксиданти кои можат да го исчистат црниот дроб од токсичните состојки но и да ве заштитат од многу болести и да го подобрат имунитетот. Истовремено, тој го подобрува варењето и ја поттикнува хидратацијата во телото.

Здрава исхрана

Наместо преработена храна и состојки богати со адитиви, потребно е да се конзумира повеќе овошје и зеленчук, како и домашно подготвени сокови. Исто така, важно е да се намали внесот на јаглехидрати.

Пијте вода со лимон наутро

Млака вода со лимон како прво нешто по будењето е едно од најдобрите нешта кои можете да ги направите за своето тело. Земете 1 чаша млака вода со ¼ исцеден лимон. Тоа ја помага детоксикацијата, ги балансира хормоните и го подобрува имунитетот.

Јадете зелка

Зелката има двојна детокс улога. Нејзините диуретски состојки овозможуваат телото да се ослободи од вишокот течности и токсините. Таа го зголемува производството на антиоксиданти и детоксикациски ензими, и го стимулира создавањето на глутатион кој го чисти црниот дроб.

Конзумирајте ѓумбир

Можете да направите чај, да го додадете во салатите и супите или пак да додадете неколку парчиња во водата. Ѓумбирот му помага на телото да се ослободи од токсините и го подобрува нашиот имунолошки систем.

Вежбајте

Аеорбичните активности со низок интензитет се одлични за деоксикација. Тоа му помага на нашето тело да се раздвижи, а и ги активира и нашето срце и бели дробови. Се препорачува пешачење, трчање, танцување, пливање и возење велосипед.

Поврзани вести

Back to top button