Припремете мезе: 4 брзи, лесни и прекрасни начини (ВИДЕО)
Бидејќи сезоната на празници веќе започна, а по тој повод домаќинките секогаш подготвуваат посебна, празнична трпеза, време е да се посветиме на првото јадење што повеќето семејства го служат за празник – мезето.
Освен што ќе одберете што да ставите во садот за мезе, важно е и како ќе го подредите – зошто да не ги воодушевите сите и да го направите најубавото предјадење досега?
Ви претставуваме четири неверојатни, лесни и прекрасни начини да го подредите јадењето како вистински мајстор за кујна!
Методот за сложување изберете го според обликот и големината на садот, како и бројот и видот на намирници кои ќе ги служите како предјадење.
Освен намирници, потребен ќе ви биде и нож со косо сечило, со кој ќе ги пресечете во облик на ѕвезди краставиците, доматите и кромидот, и шприц за слатки работи, со кој ќе може да го украсите мезето со мајонез или павлака – по ваш вкус.
На вас е да го изберете начинот на подготвување кој најмногу ќе ви се допадне. Погледнете го видеото во кое сè детално е прикажано, чекор по чекор.