Македонија

Прилепчанец ја претепал малолетната девојка зошто му раскинала

Полицијата трага по 30 годишниот Т.В. од Прилеп кој вчера попладне прво и се заканувал, а потоа и физички ја нападнал неговата 17 девојка, нанесувајќи и телесни повреди.

-Сторителот го извршил нападот откако неговата девојка, во ресторан покрај вештачкото езеро, му соопштила дека ја прекинува нивната врска, по што заминала. Истиот со патничко возило ја стигнал пред една бензинската пумпа, застанал и и се заканувал, по што излегол и со рацете ја влечел за коса, ја отворил вратата од автомобилот и насилно ја внел на совозачкото седиште, каде продолжил да ја влече за косата и ја удирал со рацете по лицето и телото, информираат од полицијата.

Потоа со туркање ја извадил од возилото, го напуштил местото на настанот  и се упатил во непознат правец.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Поврзани вести

Back to top button