Избор на уредникотМакедонијаТоп
Претседателот на Синдикатот на контрола за летање кој се спротивстави на партиските вработувања приведен во полиција
Претседателот на Синдикатот во контрола на летање, Александар Тасевски денеска бил приведен во полициска станица по пријава од менаџментот на М-НАВ дека им упатувал закани преку Фејсбук.
Според информации на Сител се работи за статус во кој симболично се асоцирало на одговорност за која подолго време синдикатот јавно го обвинува менаџментот за злоупотреби при вработувања и спроведување на постапките во претпријатието.
Тасевски ја потврди информацијата и најави дека деталите во јавност ќе ги соопшти утре на прес-конференција.
ИЗВОР: Сител