Претседателот на Австрија Александер Ван дер Белен повторно ја воодушеви јавноста и покажа дека положбата, моќта и славата не го промениле.
Тој е сликан како се вози со метрото во Виена, како секој друг обичен жител на тој град.
Не бил опкружен со обрзбедувањео и цело време стоел мирно и ги листал документите кои ги носел со себе.
Ова не е првпат Ван дер Белен да користи градски превоз за да се движи низ Виена. Истото се случи во јануари, а во таа прилика фотографијата ја сподели на Инстаграм.
Ниту овојпат не оделеа, па оваа фотографија се појави на неговиот профил.