Живот

Премногу протеини се причина за депресија

Наодите на научниците од Универзитетот Мичиген, ја поврзуваат преголемата присутност на протеинот FGF9 во хипокампусот со поголем ризик за депресија.

Новите резултати се добиени со анализа на примероци на мозокот на починати лица на кои за време на животот им е дијагностицирана депресија.

FGF9 е вклучен во раст на косата, белите дробови и други ткива во организмот.

Истражувачите веруваат дека нивните наоди ќе го унапредат развојот на нови лекови за депресија.

Се проценува дека од депресија во светот страдаат 350 милиони луѓе.

Поврзани вести

Back to top button