Македонија
Премиерот на Нов Јужен Велс со поддршка за името Македонија
Премиерот на Нов Јужен Велс Џон Бариларо ја повика Сојузната влада на Австралија „да се врзуми“ и да ја признае Република Македонија објави порталот Неокосмос.
На Божиќната прослава организирана од македонска заедница пред присутните меѓу кои и амбасадорот на Македонија во Австралија, Веле Трпевски, вршителот на должноста премиер на Нов Јужен Велс, Бариларо ја повика владата на Австралија да го санкционира присвојување на историско име на Македонија.
Тој истакна дека секогаш ќе го поддржува името Македонија и побара од федералната влада да го стори истото.