Прекувремената работа му штети на здравјето
Научници од Државниот универзитет на Охајо предупредија дека неделното работно време не смее да биде подолго од 60 часа, бидејќи тоа може да остави трајни последици врз здравјето на луѓето.
Врската меѓу прекувременото работно време и слабото здравје била посебно изразена кај жените, пишува „Journal of Occupational and Environmental Medicine“.
Научниците посебно истакнуваат дека прекувремената работа го зголемува ризикот од заболувања од хронични болести.
Така прекувременото работно време кај жените е поврзано со тројно зголемување на ризикот од болестите на срце, рак, дијабетис и астма.
Кај мажите пак забележан е зголемен ризик од остеоартритис и ревматски артритис.
Во истражувањето се користени податоци собрани во период од 30 година од околу 7.500 испитаници.