Пред спиење, задолжително испијте чаша вода – ефектот ќе го почувствувате мошне брзо
Нутриционистите и докторите препорачуваат дневно да се внесува околу 2 литри вода. Освен тоа, голем дел од нив посочуваат дека е многу корисно пред спиење да се испие чаша вода.
Едно истражување кое е спроведнео во 2014 година дошло до заклучок дека недостатокот на вода во организмот води кон депресија, што исто така може да придонесе и за значајно пореметување на спиењето. Ова истражување истакнува дека внесувањето вода пред спиење влијае на расположението, односно дека луѓето кои честој пијат вода се посреќни, позадоволни и посмирени.
Чашата вода пред спиење особено доколку е млака или топла го поттикнува варењето и детоксикацијата на организмот. Топлата вода ја поттикнува и циркулацијата, помага за губење на килограмите, а придонесува и за исфрлање на токсините преку потење.
Водата пред спиење овозможува доволно хидратација, но и ги смалува болките во мускулите и стомакот. Во неа, можете да додадете и малку лимон, што ќе и го збогати вкусот и ќе придонесе за внес на витамин Ц.