ЖивотИзбор на уредникот

Пратеничка се нашла во порно скандал, таа вели тоа не сум јас (ФОТО)

Сташа Стојановиќ, нова пратеничка од партијата на Вучиќ која на првата седница правела селфи, се нашла во порно скандал. Поранешен пратеник на таа партија објавил видео за кое тврди дека таа е на него.

„Око не сум затворила. Не поради себе, јас сум силна, ќе ги преживеам овие лаги, жал ми е за девојката на снимката. Веројатно таму некаде стравува додека јавноста не го дознае нејзиниот идентитет. Нема да откријам која си, не се грижи се, ќе те заштитам, а мене Бог ќе ми врати“, рекла Сташа Стојановиќ, пратеничка од Напредната партија на Вучиќ откако на социјалните мрежи почнало да се шири спорната порно снимка.

На снимката се гледа девојка со двајца мажи, а трет маж снима. Изгледа дека девојката не знае дека ја снимаат. Видеото, како што пренесуваат српските медиуми, го објавил Ѓорѓе Вишекруна, поранешен пратеник од Српската народна партија, кој повеќе не живее во Србија.

Тоа не сум јас! Вистината е мое оружје“

Како што пренесува 021. rs. Сташа го пријавила во полиција.

„Поднесов пријава против Ѓорѓе Вишекруна кој лажно ме обвини дека јас сум на некоја порно снимка. Застрашувачка кампања се води против мене. Но, повеќе не сакам да молчам. Ме боли лагата, но вистината е моето оружје“, напишала Сташа која од оваа година е пратеничка во парламентот на Србија.

На првата седница објавувала селфи фотографии од парламентот.

„Народна пратеничка на Република Србија. Само ќе кажам дека ќе бидам најдобра верзија од себе, ќе продолжам да се споредувам само со себе бидејќи патот кој го минав, образованието кое го стекнав и секојдневниот живот кој го живеам, верувам дека се вредни не само за ова, туку и за сè што знам дека ме чека во иднина. Благодарноста која ја чувствувам кон луѓето кои беа тука за мене ќе ја покажам на овој начин, а тоа е со лојалност и борбеност. Им благодарам на пријателите, но и на непријателите кои ме направија тоа што сум“, напишала на Инстаграм.

 

Поврзани вести

Back to top button