Избор на уредникотМакедонија

Познатата хрватска старлета Нивес Целзиус на прием кај претседателот Пендаровски (ВИДЕО)

Познатата хрватска пеjачка, модел, актерка, писателка и старлета Нивес Целзиус била на прием кај претседателт Стево Пендаровски во вила Водно во Скопје.

На видео кое таа го објави се гледа и како бакнува еден од гардистите пред влезот на Вила Водно, што ги „разгоре“ социјалните мрежи.

Од Кабинетот на претседателот велат дека нема ништо спорно и оти таа била на листата поканети гости на Спортско радио.

По повод одржувањето на 30. јубилеен Турнир во мал фудбал на медиуми, во организација на Спортско радио 90.3 ФМ, во Кабинетот на претседателот се одржа краток прием за учесниците и организаторите на турнирот. Нивес Жељковиќ беше на листата на гости на Спортско радио, меѓу кои беа околу 70 новинари, спортисти и естрадни уметници од земјава и од регионот. Однесувањето на секој од присутните гости за време на приемот зависи од нивниот личен интегритет и домашно воспитување, а во тој дел сè додека не се прекршени законите, нема простор за наша реакција, велат од Кабинетот на Пендаровски за Прес24.

Поврзани вести

Back to top button