ЖивотИзбор на уредникотМакедонија

Познатата германска актерка Сукова: Помогнете да ги најдам овие две Македонки!

Познатата германска актерка Барбара Сукова годинава е една од најголемите филмски ѕвезди на меѓународниот филмски фестивал ФЕСТ што се одржува во Белград, соседна Србија. На фестивалот таа ќе го претстави филмот „Далиленд“ во кој ја глуми Гала, сопруга на Салвадор Дали. Меѓутоа она со што таа го привлече вниманието на српските новинари е повикот да ѝ помогнат да пронајде две жени кои ги запознала во Охрид Македонија.

Таа нив ги запознала кога биле деца во далечната 1963 година. Актерката Сукова тогаш како тинејџерка со нејзините родители престојувала во Југославија и го посетила Охрид. Таму запознала две девојчиња, Зорица и Билјана. Тогаш во училиштата се собирала хуманитарна помош за настраданите во земјотресот во Скопје, а Зорица и Билјана во знак на благодарност потоа ѝ испратиле послужавник со две шолји за кафе.

– Ги чував и носев секаде со себе. Тие две сега се како мене, во средните седумдесети години. Би сакала повторно да ги видам. Бидејќи не користам социјални мрежи, можеби можете да ми помогнете да ги пронајдам, замоли актерката, пренесува Н1 ТВ.

Таа пред камерите покажа и фотографија од Зорица и Билјана од времето кога биле девојчиња.

Поврзани вести

Back to top button