ЖивотИзбор на уредникот

Познатата актерка призна дека на 39 години сè уште е девица (ВИДЕО)

Американско-нигериската актерка Ивон Орџи (39) ја шокираше јавноста со своето признание во подкастот „Драга Челси“ на водителката и актерка Челси Хандлер. Во разговорот, Челси потсетила дека последниот маж со кој јавно се забавувала актерката е спортскиот коментатор Емануел Ачо, со кој раскинала во 2019 година. А, на прашањето дали е сè уште девица, Ивон со краток одговор потврдила.

„Дали си уште девица?“, ја прашала водителката Челси Хендлер.
„Сум“, одговорила актерката без двоумење.

Одоговор на актерката многу ѝ се допаднал на Челси. Таа искоментирала дека Ивон е најоригиналниот гостин што некогаш го имала на овој подкаст.

Инаку, уште во 2017 година, Ивон за магазинот „Пипл“ зборуваше дека се чува за брак.

„Пред да станам позната, седнав со себе и со Бога и размислував, како да го направам ова, како сака да Го претставувам додека сум овде? Беше во ред, знам зошто сум тука. Тоа е да Го направам горда“, рече таа тогаш.

Очигледно е дека шест години подоцна, нејзиното размислување воопшто не се сменило.

Актерката е најпозната по улогата во серијата „Несигурни“ на Нетфликс, а последен човек со кој ја поврзуваа беше Емануел Ачо, поранешна фудбалска ѕвезда и спортски коментатор. Двајцата објавија дека се забавуваат во 2018. Сепак, врската не траеше долго. Тие раскинаа во 2019 година.

Во продолжение погледнете го видеото:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chelsea Handler (@chelseahandler)

Поврзани вести

Back to top button