МакедонијаТоп

Повторно пукање во Скопје, двајца полициски специјалци завршија на Ургентен

Нецела недела по убиството на две лица во кафе барот „Шиша“ во центарот на Скопје, синоќа имало нова престрелка и физички напад во скопски Бутел. Во инцидентот две лица се тешко повредени и тие биле пренесени во Ургентниот центар.

Според информациите, се работи за две лица припадници на МВР, односно Специјалната единица. Имено, тие биле пресретнати од пет до седум напаѓачи некаде околу 01.00 часот по полноќ на 12.03 на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош во општина Бутел, каде ги претепале.

Во нападот се користело и огнено оружје, но нема повредени од престрелката.

– Н.Б., Е.Б. и М.С., кои биле со возило „БМВ“, како и неколку лица кои биле со возило „цитроен“ му го блокирале патот на возилото „рено“ во кое биле П.П., Д.К. и Ф.Г. и почнале да удираат по возилото и физички ги нападнале. Потоа П.П. испукал неколку пати во воздух од службениот пиштол, по што лицата кои биле со возило „цитроен“ се дале во бегство, велат од МВР.

Минатата недела на во центарот на Скопје беа убиени Јетон Кривањева викан Жила и Енес Исеинов со прекар Лаци. Нивните убијци уште не се пронајдени.

Поврзани вести

Back to top button