Свет

После цели 24 години брачен пар конечно ја пронајде својата ќерка

Брачен пар од Кина, после 24 години се сретна со својата ќерка која што исчезнала во 1994-та година на 3-годишна возраст.

За време на повеќегодишната неуморна потрага, Ванг Мингчинг и неговата сопруга Ли Денгџинг се обидувале на секаков можен начин да ја пронајдат својата исчезната ќерка Чифенг. Ванг дури и намерно започнал да вози такси со надеж дека еден ден неговата ќерка ќе влезе токму во неговото возило.

Брачниот пар, како што откриваат кинеските медиуми, се занимавал со продажба на овошје на тезга во југозападниот кинески град Ченгду. Еден ден, Ванг останал без ситни пари, па накратко заминал до другата тезга за да може да му наплати на својот купувач.

Кога после неколку минути се вратил на тезгата, тој не можел да ја пронајде својата ќерка, пренесуваат кинеските медиуми.

Кинеската полиција во текот на изминатите години идентификувале повеќе девојки за кои што мислеле дека би можеле да бидат Чифенг, но ДНК тестовите секогаш покажуале дека тоа не е таа.

До напредок во истрагата дошло во текот на минатата година кога полициски цртач одлучил да им помогне на родителите, така што ќе направи цртеж од можниот изглед на нивната ќерка како возрасно лице.

Цртежот започнал да кружи на интернет, се додека Канг Јинг која што живеела илјадници километри подалеку, не го видела цртежот и останала шокирана од тоа колку нацртаната девојка наликува на неа.

Таа стапила во контакт со Ванг, по што ѝ бил направен ДНК тест. Овој пат тестот бил позитивен, па Ванг и неговата сопруга конечно, после цели 24 години ја пронашле својата загубена ќерка.

Поврзани вести

Back to top button