Живот

Поштар направил над 1.300 деца!

Пензионираниот поштар од Нешвил во Тенеси е татко на повеќе од 1.300 деца, докажаа бројни ДНК анализи.

Оваа шокантна вистина излезе на виделина случајно. Се почнало кога во 2001 година двајца мажи побарале да дознаат кои се нивните биолошки татковци. Истрагата докажала дека таткото е иста личност.

Со времето ДНК анализите станале поевтини и тоа помогнало за овие 15 години да се дознаат мноштво информации.

postar

Начинот на кој 87 годишниот пензиониран поштар станал татко на над 1.300 деца е многу едноставен – одлично го имитирал Џони Кеш.

Контрацепцијата во таа време не беше популарна, нема од што да се срамам. Шеесеттите беа добри години и одлично го имитирав Џони Кеш, што поминуваше одлично кај дамите. Некои дури беа убедени дека јас всушност сум токму Џони. Ни денеска не знам дали беа сериозни или само се обидуваа да се убедат себеси, но како да одбиеш секс на брзина – вели овој поштар.

Потомците немаат намера да го тужат својот биолошки татко по ниту еден основ, бидејќи поголемиот број од нив не сакаат да се дознае вистината јавно. Откритието би разорило стотици семејства.

Приватниот детектив кој ги откри овие 1.300 потомци на поштарот смета дека бројката е многу поголема.

 

Поврзани вести

Back to top button