Сопственикот на српската телевизија Пинк, Жељко Митровиќ одбил половина милијарда евра, кои за купување на телевизијата му ги понуди американската ККР група, на чие чело е поранешниот директор на ЦИА, Дејвид Петреус.
Оваа групација во Србија е сопственик на каналите Н1, Гранд, Спорт клуб и операторите СББ и ИКОМ. Митровиќ за утре закажа состанок на раководителите на сите управи на Пинк во регионот, на кој, како што е најавено, ќе се дискутира за „важни одлуки врзани за иднината на деловните операции на сите компании кои го носат префиксот Пинк“.
Американската групација ККР неодамна од Митровиќ ги купи босанскиот и црногорскиот канал на Пинк, кои во структурата на Пинк медиа груп имаат учество од пет отсто и не влијаат врз развојот на компанијата. Пинк медиа груп има 60 канали и комплекс од најмодерни филмски студија, фирма за изнајмување на јахти и авио компанија.