СветТоп

Поранешен американски разузнавач сведочеше пред Конгресот: Пентагон има пронајдено летала кои не се произведени од човек (ВИДЕО)

Ветеранот на воздухопловните сили и разузнавањето Дејвид Груш денеска сведочеше пред Конгресот по тврдењата дека Америка можеби пронашла технологија во вселенскиот систем што не им припаѓа на земјаните. Тој зборуваше за тајни програми за кои тврди дека покажуваат дека Пентагон пронашол „непроменети или делумно недопрени летала“ кои не се произведени од човек.

За време на неговото сведочење, тој исто така кажа дека САД нашле траги што не припаѓаат на луѓе од соборените летала. На прашањето дали се работи за човечки или нечовечки биолошки траги, Груш даде шокантен одговор.

– Нечовечки, а тоа беше оценката на луѓе со директно познавање на програмата, со кои разговарав, рече тој.

Груш кажа дека знае повеќе колеги кои биле физички повредени од активности на неидентификувани аномални појави. Прашан да каже повеќе за тоа, тој изјави дека „не може да навлегува во детали“.

Инаку, во интервју објавено минатиот месец, Груш рече дека „САД пронашле вонземски пилоти“.

Пред Конгресот сведочеа и Дејвид Фравор, поранешен командант на морнарицата и Рајан Грејвс, поранешен пилот на морнарицата, пренессе „Би-би-си“.

Грејвс беше првиот што застана пред Конгресот.

– Неидентификуваните воздушни појави не се невообичаени во нашиот воздушен простор, но не се пријавуваат. Владата е свесна за тоа. Наидов на еден таков феномен во 2014 година, кога мојот тим откри необични предмети над океанот, изјави пилотот.

Третиот сведок, Дејвид Фревор, ги опиша неговите средби со НЛО.

– Тоа се случи во моментот кога тимот ја откри т.н „бела вода“ на нивните радари и покрај ведрото небо и мирните води и без бранови. Феноменот личеше на мали бели предмети и беше над водата.

Не успеале да го лоцираат бидејќи брзо излетал пред нив и исчезнал.

– Целиот состанок е снимен на видео кое трае 90 секунди, но никогаш не е истражено, додаде тој.

Во април, д-р Шон Киркпатрик од Министерството за одбрана изјави пред Комитетот за вооружени служби на Сенатот дека „засега нема веродостојни докази за вонземска активност или вонземска технологија.

Поврзани вести

Back to top button