Религија

Поради Свети Никола, Тито го мразел Дедо Мраз

Во првите години на СФРЈ, Дедо Мраз бил осуден како болшевичко-клерикална творба бидејќи Јосип Броз Тито го потсетувал на Свети Никола, слава која воопшто не ја сакал.

Познато е дека празниците секогаш ги легитимираат властите и исто како што ни објасни и кустосот на Музејот по историја на Југославија Ана Паниќ, тие се тука да слават она што е на власт, па и Новата година и другите социјалистички празници биле тука да ги заменат старите религиозни празници како славите Божик, Велигден.

Затоа во првите години на СФРЈ, Дедо Мраз бил осуден како болшевичко-клерикална творба бидејќи Јосип Броз Тито го потсетувал на Свети Никола, слава која воопшто не ја сакал.

Имено, Јавните празници и тоа како биле користени со цел за промоција на комунизмот и славење по партиска задача, се бришеле границите меѓу личното и општественото, а една од основните функции им била интеграцијата. Новата година, која до Втората светска војна не била премногу популарен празник меѓу Југословените, како што ни објасни кустосот, требала во јавниот живот на СФРЈ да го замени дотогашното одбележување на Божик, но и вешто да ја избегне подвоеноста на жителите со различна вероисповед и да создаде чувство на припадност на една заедница – на младата СФРЈ.

Секако, кога еден политичко-општествен правец има за цел бришење на верските разлики, во таа приказна никако не може да оди и Свети Никола. Прашање е само, како Маршалот Свети Никола го поврзал со Дедо Мраз?

– Интересна е приказната за етимологијата на зборот Дедо Мраз и за неговата симболика. Таа објаснува зошто Тито не го сакал чичкото со бела брада во црвен капут. Името Дедо Мраз, како што го нарекуваме, е со потекло од руското име Дед мороуз и во поранешната паганска руска традиција тој претставувал крал на зимата кој одел од куќа по куќа, а на него луѓето му подарувале подароци, како еден вид на молба студената зима да им помине полесно. А Дедо Мраз, каков што го знаеме од детските филмови, со долга, бела брада и црвен капут, нема врска со тој Дед Мороз, туку со Санта Клаус, кој е верзија на холандско старо божество, поврзано со Свети Никола – објасни Ана Паниќ и додаде:

– Така тоа се две струи кои се споиле преку Кока Кола. Симпатичниот дедо со брада и црвена облека потсетува на Свети Никола, кој исто така има црвена облека, долга брада и на децата дели подароци, додека кралот на зимата секогаш бил во зелена облека и никогаш не бил толку дебел, туку е претставен како слаба фигура со долга сива брада. Кралот на зимата не делел подароци, луѓето на него му подарувале дарови во замена за безгрижен зимски период, рече кустосот на Музејот по историја на Југославија и додаде дека поради тоа во првите повоени години Дедо Мраз бил непосакуван на Титовите прослави на Нова година, а и меѓу народот.

Антифашистичкиот фронт на жените, кој во Југославија бил задолжен за афирмација на Новата година, според Ана Паниќ, одел на тоа Дедо Мраз да го замени со млада девојка, бидејќи новата млада држава била во подем и млада девојка треба да ја симболизира и државата и Новата година.

– Имено, постоело и цело сценарио според кое млада девојка ја сретнува старата година на која и кажува за тоа кој бил добар, а кој бил лош и како поминала таа претходна година. Потоа младата девојка, како персонификација на новото општество, дели подароци на децата, а во тоа можел и да и помага стар партизан. Меѓутоа, тоа сценарио никогаш не се остварило – вели Паниќ.

Верзиите на Дедо Мраз како лик варираат меѓу различни култури, религии и народи.

Потеклото на овој лик е од стари религии на германските и словенските народи. Со покрстувањето на овие народи, нивните верувања се комбинирале со ликот на христијанскиот епископ Никола.

Во Холандија и Белгија, Свети Никола (Sinerklaas) има помошници кои се викаат Црн Петар (Zwarte Pie” – на холандски или Père Fouettard – на француски).

Традицијата за Свети Никола има многу паралели со германската митологија, посебно со богот Один. Ова вклучува брада, шешир и копје (денес стап) и торба која ја држат неговите слуги да ги фатат немирните деца. И Свети Никола јава бел коњ како Один. Писмата од колачите кои Црн Петар ги дава на децата, асоцираат на Одиновото создавање на рунски букви. Песните кои се рецитираат во текот на прославата и песните кои ги пејат на децата се посветени на Один како бог на поезијата.

Верувањето дека Дедо Мраз влегува во домот низ оџак може да потекнува од приказната за Свети Никола кој фрла пари низ прозорец, а во поновата верзија на приказната, фрла пари низ оџакот ако наиде на затворени прозори.

Така, по повеќевековни верувања и доведува на Дедо Мраз во врска со Свети Никола, не е ни чудно што и доживотниот претседател на СФРЈ симпатичниот дедо го потсетувал на светец.

Поврзани вести

Back to top button