Живот

Поради опасен предизвик што се шири меѓу децата, едно 10-годишно девојче ќе оди на пресадување кожа: Очајната мајка ги предупредува родителите

На интернет се прошири уште еден опасен предизвик за кој децата полудеа, а се работи за таканаречениот дезодоранс предизвик.

Тој се состои од тоа на лицето да му се шприца млаз дезодоранс во спреј од голема близина кон кожата, и така се прска додека може некој да издржи.

Ако некогаш случајно сте си нанела дезодоранс од голема близина знаете дека дури и неколку секунди се доволни на кожата да предизвика болка и изгореници.

Џејми Прескот од Брисел во Велика Британија на својот Фејсбук сподели фотографија на која се гледа како нејзината десетгодишна ќерка Ели се здобила со тешки изгореници откако пријателите ја прскале со дезодоранс на подлактицата, поради што ќе мора да оди на пресадување на кожа.

-Кога и побарале да ја пружи раката, тоа го направила, а не била свесна што ќе и се случи и никогаш порано не слушнала за тој предизвик, вели нејзината мајка.

Додаде дека другите деца често ја прашуваат Ели што и се случило со раката, а кога таа ќе им објасни, и ја покажуваат својата со лузни кои ги добиле на ист начин.

Џејми со својата објава сака да ги предупреди другите родители за опасноста од ваквата забава.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button