Поплави во Турција: Вода навлезе во зграда и го исфрли мебелот надвор (ВИДЕО)
Турција ја погодија страшни поплави. На удар е главниот град по обилните дождови. Дури 27 провинции се во портокалова фаза, а обилните дождови целосно го парализираа животот во Анкара. Спасувачките екипи постојано се на терен и испумпуваат вода од зградите, а многу патишта често се непроодни поради пороите што носеа сѐ пред себе. Колку е драматична ситуацијата во Турција најдобро сведочи видеото од Анкара, каде што може да се види како водата навлегла во станбена зграда, а потоа ја крши балконската врата од станот и го исфрла мебелот. По земјотресите во февруари, Турција се соочи со поплави. Сега пак има природна непогода.
Поплави со жртви има во Хаити. Властите на Хаити соопштија дека бројот на жртвите од огромните поплави и лизгањата на кал што ја погодија островската држава во текот на викендот се искачи на 42. Има и 11 исчезнати.
<