Живот

Поминав низ пекол: Потресната приказна на Рада Манојловиќ

Иако до сега не зборуваше за тоа, Рада Манојловиќ поминала низ тежок период во својот живот, тоа е поради лошата психичка состојба и со месеци земала лекови за смирување и редовно го посетувала психијатарот.

Рада дури шест месеци земала лекови за смирување, а натешко и било кога требала да престане да ги конзумира. Периодот на одвикнување бил  многу тежок за неа.

– За почеток сакам да ви кажам дека тоа е многу незгодна работа. Се навлеков. Шест месеци не можев да ги оставам „ксанакс“. Зборувам за ова јавно, бидејќи секој кој ќе помисли да ги земе и мисли дека може да се откаже кога сака, се лаже. Не е тоа така лесно- раскажува Рада и додава:

– Ми беше многу тешко да се откажам од таблетите. Исто така би порачала да се користат само во крајна нужда.

На прашањето што и се случило, па се одлучила за седативи, пејачката искрено призна дека не знае да ја испразни нервозата и незадоволството и дека се држи во себе.

– Тоа не е добро. Затоа психијатарот ми кажа да си најдам некој издувен вентил. Сега веќе не одам на психијатар. Сега сум супер. лековите делуваа- заклучува Рада, а на крајот додаде дек ни во лудило не би помешала алкохол со таблети за смирување.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button