Македонија

Полицијата спречила обид за атентат врз обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи?!

Во средата имаше вооружен инцидент меѓу полицијата и неколку лица од Куманово во село Боговиње, тетовско. Извори на порталот Shqipmedia велат дека зад овој инцидент се крие нешто многу поголемо, односно има сомнежи дека ова било сценарио за атентат кон обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи во нејзината куќа во Боговиње, пренесува Либертас.

Таму биле забележани неколку непознати лица со три возила и полицијата почнала да ги брка. Се шпекулира дека возилата имале фалсификувани таблици и има големи сомнежи дека целта била Фетаи, бидејќи блиску до нејзината куќа почнала бркотницата во која имало и пукотници, како што и потврди и полицијата во редовниот билтен.

Неофицијално, се зборува дека е уапсено и едно лице од Боговине, кое ја знае вистината дали имало обид за атентат или за обична кражба.

Во продолжение ви го пренесуваме извештајот за инцидентот кој во четвртокот беше објавен во билтенот на МВР:

 На 07.02.2018 година околу 18,10 часот во с.Боговиње-тетовско, полициски службеници од Полициско одделение Камењане дале знак за да застане патничко моторно возило “БМВ“ со скопски регистерски таблици. Истото застанало и кога полицискиот службеник се доближил, возачот во возилото го стартувал истото и се обидел да го удри полицискиот службеник а потоа удрил во полициското возило како и во други паркирани возила. При обидот за бегство, едно од лицата кое било сопатник во возилото испукало два куршуми од пиштол во воздух. Поради предупредување, полициските службеници испукале неколку куршуми во воздух . Лицата се дале во бегство заедно со уште две возила – “Ауди“ со штипски регистерски таблици и “Шаран“ со непознати регистерски таблици напуштајќи го местото на настанот. Околу 20,50 часот на влез во Скопје, од страна на полициски службеници од единицата Алфи, било сопрено возило “БМВ“ управувано од 17 годишен малолетник од Куманово. Подоцна, во населбата Ѓорче Петров, од страна на полициски службеници од единицата Алфи, било сопрено и возилото “Ауди“ со штипски регистерски таблици управувано од И.С. (29) од Куманово. Лицата се приведени во ПС-Ѓорче Петров, а возилата се пренесени во кругот на полициската станица за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Поврзани вести

Back to top button