ЖивотИзбор на уредникот

Пол Макартни го видел Господ?

Поранешниот член на легендарните „Битлси“ Пол Макартни (76) во интервјуто за магазинот „Тајм“ открил дека имал визија и го видел Господ пред многу години додека бил на „трип“ по земањето дрога.

– Го видов Господ таа величествена работа и бев понизен. Тој момент не го покрена мојот живот, но беше знак, верувам дека постои нешто – рекол 76-годишниот Макартни.

Исто така, Макартни рекол дека верува дека негови блиски кои починале се „тука и нè гледаат“.

Славниот музичар по распадот на „Битлси“ во 1970 година мислел дека никогаш повеќе нема да се занимава со музика. Макартни го издава новиот соло албум „Egypt Station“ на 7 септември и тоа е негов 17. студиски албум.

Поврзани вести

Back to top button