Погледнете ги овие неверојатни сцени од една од најопасните земји на светот
Властите на средноамериканската држава Ел Салвадор во саботата ги игнорираа воведените мерки за општествено дистанцирање и ги натераа затворениците од затворот „Изалко“ да седат едни покрај други.
Претседателот Најиб Букеле нареди 24-часовна изолација на затворот во кој се наоѓаат членови на најозлогласените банди во земјата. Букеле порача дека лидерите ќе ги испрати во самица, откако беа регистрирани 22 убиства.
„Нема контакт со надворешниот свет, продавниците ќе останат затворени, а се забрануваат и многу активности. Лидерите на бандите ќе бидат испратени во самица“, изјави 38-годишниот претседател Букеле.
Тој порача дека максималната изолација ќе биде на сила се додека полицијата ги истражува 22-те убиства. Портпаролот на полицијата изјави дека тоа е најголем број на убиства кој е забележан во еден ден од минатиот јуни, месецот кога Букеле стапи на должност.
Ел Салвадор до неодамна се мачеше со проблемот со моќните улични банди и имаше најмногу убиства по глава на жител во Северна и Јужна Америка. Бројот на убиства опадна откако Букеле дојде на власт, а во изминативе неколку месеци немаше ниту едно убиство.
Инаку, Ел Салвадор е една од земјите со најстроги мерки против ширењето на пандемијата на коронавирусот, но очигледно е дена проблемот со убиствата исто така е преголем, па затоа властите биле принудени на ваков чекор. Според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, осум лица во оваа земја починале од Ковид-19, а заразени се 298.