Македонија
Поевтинуваат горивата
Малопродажните цени на бензините од полноќ се намалуваат за денар и пол, а на дизелот за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 59,50 денари за литар, на Еуросупер БС 98 ќе биде 61,50 денари за литар, додека дизелот ќе се продава по 46 денари за литар.
Се намалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 34,50 денари, а мазутот ќе чини 21,17 денари за килограм.
Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 41,88 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 55,68 денари