ЖивотИзбор на уредникот

Почнува експеримент: Властите дале дозвола, се пуштаат милионски генетски модификувани комарци во природа

Ваквата одлука ги разбеснила граѓаните, но и организацијата за заштита на животната средина.

-Властите во Флорида одлучиле да ги користат парите на граѓаните и државните ресурси за да го изведат овој експеримент од времето на Јура, соопштила Џејди Хенсон од Меѓународниот центар за управување со технологија и Центарот за безбедност на храна.

-Сега, без никакви проценки за ризик, продолжуваат со експериментот, наведуваат во соопштението.

Пилот проектот е измислен за да се дознае дали ГМО комарците можат да бидат замена за инсектициди кои се користат во прилика кога се запрашуваат тиграстите комарци, кои во себе може да носат денге и жолта грозница, како и бројни други болести.

Тигрестите комарци кои се препознатливи по шарите на нозете и на предниот дел, доаѓаат од Африка и може да се пронајдат во тропските краеви ширум светот.

Комарецот наречен OX5034 е генетски модифициран така што женските комарци умираат уште кога се во фаза-ларви, односно пред да пораснат  доволно големи да можат да касаат и пренесуваат вируси. Во студијата се наведува дека само женските комарци касаат бидејќи им е потребна крв за да имаат легло на јајца, а од друга страна, машките комарци се хранат со нектар и со самото тоа не се преносители на опасни вируси.

Како што е најавено, модифицираните комарци во 2021 година ќе бидат пуштени и во округот Харис во Тексас. Американска агенција за заштита на животната средина го одобрила почетокот на проектот откако компанијата Окситек направила повеќегодишно истражување за тоа како генетските модифицирани комарци би можеле да влијаат на човекот и природата.

-Ова е многу интересно, бидејќи се во прашања децениска здружена работа на стотина луѓе ширум низ светот кои се посветени на тоа да го заштитат човештвото од многу заразни болести, изјавил директорот на компанијата Окситек.

Поврзани вести

Back to top button