Починал на шалтер додека чекал потврда дека е жив

Објавено: сабота, 13 февруари 2016 во 14:06
Spread the love

Хрват, маж на возраст од 77 години починал на шалтер додека чекал потврда дека е жив, објавуваат хрватските медиуми.

Настанот се случил минатата недела во просториите на Хрватскиот завод за пензиско осигурување (ХЗМО) во Копривница.

На човекот ненадејно му се слошило на шалтер- паднал и останал неподвижно да лежи. Службениците веднаш повикале итна помош, но на несреќниот човек му немало помош.

Потврда за живот, како што се вика документот, им е потребна на лицата кои примаат пензија од странство. Постарите лица таа потврда мора секоја година да ја доставуваат во пензиските заводи во земјите од кои добиваат пензија.