Бабата Марија Златиќ(86) од село близу Бољевац, која после смртта на мажот наследи милион австралиски долари, почина во беда во трошната куќичка од кал. Луѓето кои ја чувале и со кои имала потпишано договор за доживотна издршка, го пронашле нејзиното тело на кревет.
Наследниците на нејзиното богатство и биле лути што својата животна приказна ја споделила со медиумите.
-Таму каде наскоро ќе одам, парите не ми требаат, затоа ги подарив. Парите ги дадов на луѓето кои ме чуваат. На нив тие пари им се попотребни, а јас и онак не знам колку е тоа. Мене ми се доста моите осум илјади денари, колку што е мојата земјоделска пензија- рекла бабата милионерка, на почетокот на годинава.
Проблемите почнале кога се дознало дека наследила 940.000 австралиски долари.
-Откако го доби наследството, се појавија многубројни други наследници кои тврдеа дека го поседуваат тестаментот на нејзиниот маж Момчило- рекле соседите.
Луѓето кои ја чувале баба Марија во меѓувреме подигнале поголем дел од парите. Единствено на Марија парите не и биле важни.
Баба Марија е погребана вчера.