Избор на уредникотМакедонија

Пливам за да оздравам кога ќе пораснам, вели Марко Пејчиноски кој го преплива Охридското езеро

12-годишниот Марко Пејчиноски, кој со некроза на ногата, на 28 август на денот на Успение на Пресвета Богородица го преплива Охридското Езеро на патеката Свети Наум-Охрид во должина од 25 километри, почнал да плива по препорака на лекарите пред две години.

Тие му рекле дека во овој период за него тоа е најдобра терапија. Некроза на ногата е заболување кое го попречува нормалниот проток на крв до ногата поради што се јавуваат проблеми со моториката.

Ги послушал нивните совети и со голема помош на семејството почнал да тренира речиси секојдневно. Досега во базен и во Езерото на тренинзите до последниот подвиг има испливано околу 300 километри.

„Никој не ме натера да се занимавам со пливање. Но, препораката на лекарите дека за некрозата во овој момент најдобра терапија е пливањето беше мотив да почнам да пливам. Сакам да бидам здрав кога ќе пораснам. Лекарите ми рекоа дека кога ќе заврши мојот период на раст, со мала интервенција последиците од некрозата целосно ќе ги снема. Јас, сепак, за тоа не би сакал многу да зборувам”, вели Марко кој сега ќе биде осмо одделение во ОУ „Григор Прличев“ во Охрид.

Марко вели дека се одлучил да плива на 28 август, зашто на лани на малиот охридски маратон го носел бројот 28.

„Тој број ти го чуваат и за следната трка ако се одлучиш да се натпреваруваш. Јас сфатив дека тоа ми е среќен број и затоа решив да го препливам Езерото на 28 август без да размислам дека тогаш е Успението на Пресвета Богородица. Датумот да го препливам Езерото беше случајно одбран. Јас и татко ми два дена пред тоа бевме во пештерната црква на Богородица во Градиште каде се помоливме”, вели Марко.

Целиот текст прочитајте го на СДК.мк

Поврзани вести

Back to top button