Платите на околу 2.000 функционери дополнително ќе бидат зголемени до 400 евра, поскапуваат околу илјада производи
Платите на околу 2.000 функционери – министри, заменици-министри, пратеници, судии, градоначалници, раководители, советници и други избрани и именувани лица од 1 јануари 2024 ќе бидат зголемени од 150 до 400 евра месечно. Платата на сите функционери ќе расте со порастот на просечната плата, којашто годинава е повисока во однос на лани, па и зголемувањето ќе биде поголемо.
Платите ќе бидат зголемени и до 40.000 денари бруто, односно 24.000 нето за највисоките функционерски плати!
Шефот на државата, следната година ќе зема околу 190.000 денари плата, премиерот Димитар Ковачевски 180.000, а пратениците над 122.000 денари.
Инаку од денеска во трговијата почнува да се применува новата стапка на Данокот на додадена вредност од 10 отсто, наместо најниската од пет отсто, за голем дел од прехранбените производи, а што ќе предизвика нивното поскапување. На списокот што го добиле трговците, се наоѓаат и брашното, џигерот, сладоледот. потоа сите видови замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата, а 10 отсто ДДВ ќе има и за замрзнатите теста, млечните и сирни намази, сирењето и урдата, зденката, пармезанот, ајдемер и гауда кашкавалот, павлаката за готвење, растителните сирења и намази.
ТВ „Сител“ дојде до листата производи која брои над илјада артикли. Меѓу нив, како што објави оваа телевизија се и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортињи, нудли. Поскпува и храната за децата – гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот, потоа чаевите, тропското овошје, сите видово сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, компотите, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините…
Како што е познато, во Собранието деновиве поминаа измените со кои се овозможи примена на нова данопчна стапка на ДДВ од 10 отсто, покрај основната од 18 отсто и повластената од пет отсто.
Владата ја криеше од јавноста листата производи и уверуваше дека ќе поскапат производите кои ретко се купуваат, како и дека обичните граѓани нема да бидат погодени од оваа мерка. Со зголемување на ДДВ во буџетот власта очекува да се соберат дополнителни 70 милиони ерва.